• сабота, 13 декември 2025

Претставници на Британската амбасада во Центарот за млади „Гнездо“ во Кочани

Претставници на Британската амбасада во Центарот за млади „Гнездо“ во Кочани

Кочани, 18 септември 2025 (МИА) - Претставници на Британската aмбасада денеска го посетија Центарот за млади „Гнездо“, што неодамна го отори SupportKocani.

- Разговаравме за почетоците на SupportKocani, како и за тековните цели и акции, соопштуваат активистите на Граѓанската иницијатива, која преку донации за семејствата на починатите и повредените во трагчниот пожар од 16 март во „Пулс“,  до сега обезбеди над 8 милиони денари.

Во информацијата на SupportKocani се наведува дека претставниците на Британската амбасада покажале посебна заинтересираност за предизвиците со кои тие се соочуват и за нивните идеи за идни подобрувања на Кочани.      

   - Огромен интерес покажаа и кон младинскиот центар и несебично ја понудија својата помош и соработка во идни работилници, како едукативни, така и културни и спортски настани, за што оддаваме голема благодарност, потенцираат активистите на Граѓанската иницијатива Супорт Кочани во обраќањето кон јавноста.ис/

Фото: SupportKocaniорт Кочани

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан