• петок, 21 февруари 2025

Баерн во напредни преговори за нов договор со уште една ѕвезда на тимот

Баерн во напредни преговори за нов договор со уште една ѕвезда на тимот

Минхен, 7 февруари 2025 (МИА) - По продолжувањето на договорите на Мануел Нојер и Алфонсо Дејвис, Баерн Минхен активно работи на нов договор со Дајо Упамекано, пренесе „Билд“.

Францускиот репрезентативец значително ги подобри своите перформанси оваа сезона, што ги мотивираше Баварците да го врзат долгорочно. Актуелниот договор на 26-годишниот дефанзивец е до летото 2026 година, но преговорите за негово продолжување се одвиваат многу добро.

Според информациите, Упамекано може да го обнови договорот веднаш по Џамал ​​Мусиала. Баерн е во завршна фаза на преговори со германскиот репрезентаивец.

Дајо Упамекано му се приклучи на Баерн во летото 2021 година и брзо се наметна како клучна фигура во одбраната на тимот. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан