• петок, 21 февруари 2025

Канада го освои премиерното издание на хокеарскиот турнир „Четири нации“

Канада го освои премиерното издание на хокеарскиот турнир „Четири нации“

 

Бостон, 21 февруари 2025 (МИА) – Хокеарската репрезентација на Канада е победник на турнирот „Четири нации“, на кој настапуваат играчи само од НХЛ лигата, откако во финалето синоќа во Бостон по продолженија триумфираа над САД со 3-2 (1-1, 1-1, 0-0; 1-0).

Првото издание на овој турнир, понуди одличен хокеј, а кулминацијата се случи во финалето во Бостон, во кое Канаѓаните ги победија своите големи ривали Американците со голот на најдобриот играч на денешницата, Конор МекДејвид во 8:18 минута од продолжението.

Турнирот „Четири нации“ беше своевидна „генерална проба“ за враќање на НХЛ играчите на Зимските олимписки игри по пауза од 12 години, што ќе се случи за една година во Милано. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан