• среда, 24 април 2024

Девет загинати, меѓу кои и спасувачи во израелските напади врз јужен Либан

Девет загинати, меѓу кои и спасувачи во израелските напади врз јужен Либан

Бејрут, 28 март 2024 (МИА) - Во израелските воздушни напади доцна синоќа загинаа девет лица во јужен Либан, меѓу кои и спасувачи кои се подготвуваа да интервенираат по првиот напад, јавија либанските медиуми.

Со ова бројот на загинати во израелските напади вчера се зголеми на 16, бидејќи во претходниот напад беше погоден уште еден центар за итна помош поврзан со либанската сунитска организација, а седум нејзини членови беа убиени.

Во меѓувреме, шиитската екстремистичка организација Хезболах ја презеде одговорноста за ракетниот напад врз израелскиот град Кирјат Шмона на север, во кој загина едно лице. 

Израелската армија соопшти дека погодила воен комплекс на Хезболах во Теир Харфа и „терористичка ќелија“ во Накура. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан