• сабота, 25 мај 2024

Српското МВР уапси 17 лица, кои печателе лажни дипломи, па вработувале во државна служба

Српското МВР  уапси 17 лица, кои печателе лажни дипломи, па вработувале во државна служба

Белград, 24 април 2024 (МИА) – Српската полиција приведе 17 лица членови на две организирани криминални групи, поради сомнение дека со фалсификување дипломи и злоупотреба на службената положба во три министерства проневериле над 12 милиони динари.

Осомничените во периодот од април 2023 година до денес обезбедиле над 400 лажни јавни исправи - договори, полномоштва, дипломи од средно, виши и високообразовни установи - во нелегална печатница на територијата на Белград, со намера клиентите да ги користат како вистински и легално стекнати, јави Бета.

Меѓу уапсените се и две лица вработени во Министерството за државна управа и локална самоуправа, како и едно лице вработено во МВР, кои се осомничени дека ја искористиле службената положба за вршење проверки преку затворените бази на матичните служби и МВР, за лицата за кои биле фалсификувани документите.

Приведено е и едно лице вработено во Министерството за образование, за кое постојат основи на сомнение дека искористувајќи ја службената положба со тие фалсификувани документи, вработувал лица во државни институции, за што добивал одредени суми пари. зш/

Остани поврзан