• недела, 22 декември 2024

Политиката на Додик е контрапродуктивна за целиот регион, според германскиот пратеник за Западен Балкан

Политиката на Додик е контрапродуктивна за целиот регион, според германскиот пратеник за Западен Балкан

Берлин, 24 април 2024 (МИА) - Специјалниот пратеник на германската влада за Западен Балкан, Мануел Сарацин, изјави дека политиката што ја води претседателот на Република Српска Милорад Додик е контрапродуктивна не само за Босна и Херцеговина, туку и за целиот регион.

 Во интервју за телевизијата БН во Бијелина, тој оцени дека политичката криза во БиХ нема да се реши со попуштање, бидејќи, како што наведе, таа се повеќе се засилува.

Сарацин истакна и дека постои интерес за продолжување на реализацијата на проектите, кои германската влада ги прекина во РС, но дека неговата земја „ја гледа политиката што ја води Додик, како и неговите најави за отцепување“. - Но, ние мораме да ја оправдаме довербата на нашите граѓани и даночната политика, истакна германскиот специјален пратеник за Западен Балкан. ссм/

фото: архива

Остани поврзан