• среда, 08 април 2026

Пакистанските напори за завршување на војната на Блискиот Исток влегуваат во „критична“ фаза, вели иранскиот амбасадор во Пакистан

Пакистанските напори за завршување на војната на Блискиот Исток влегуваат во „критична“ фаза, вели иранскиот амбасадор во Пакистан

Исламабад, 7 април 2026 (МИА) - „Позитивните и продуктивни“ напори на Пакистан за запирање на војната меѓу САД и Израел против Иран се приближуваат кон „критична и чувствителна“ фаза, напиша денеска на социјалните медиуми поранешниот ирански амбасадор во Исламабад, Реза Амири Могадам.

„Позитивните и продуктивни напори на Пакистан за завршување на војната се приближуваат кон критична и чувствителна фаза“, напиша Могадам без да даде дополнителни детали.

Објавата доаѓа само неколку часа пред истекот на рокот за ултиматумот поставен од американскиот претседател Доналд Трамп, кој се закани дека ќе ја уништи клучната инфраструктура во Иран доколку не се постигне договор за повторно отворање на Ормуската Теснина, кој е од витално значење за глобалните испораки на нафта. мс/

фото: Архива

Остани поврзан