• сабота, 18 мај 2024

Oтворен нов граничен премин за камиони на украинско-полската граница

Oтворен нов граничен премин за камиони на украинско-полската граница

Киев, 4 декември 2023 (МИА) - Првите 30 празни камиони поминаа низ новоотворениот премин Ухринов-Долхобичув на украинско-полската граница.

Официјален Киев очекува дека отворањето на овој премин ќе ги деблокира главните копнени коридори во период на штрајкот на полските возачи на камиони, соопшти денеска украинската гранична служба.

Полските камионџии штрајкуваат од 6 ноември поради нивната наводно подредена положба во однос на нивните украински колеги, а како резултат на тоа се блокирани четири гранични премини. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан