• среда, 15 мај 2024

Џафери на состанок на спикери на парламенти на земјите од Југоисточна Европа во Будимпешта

Џафери на состанок на спикери на парламенти на земјите од Југоисточна Европа во Будимпешта

Скопје, 16 ноември 2023 (МИА) - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, ќе учествува на 11. Состанок на спикери на парламенти на земјите од Југоисточна Европа, што денеска и утре ќе се одржува во Будимпешта, Унгарија.

Темата на овогодишниот состанок е „Процесот на европска интеграција во Југоисточна Европа: проширување и/или продлабочување?”, а традиционално состанокот на највисоко парламентарно ниво го организира секоја втора година унгарското Национално собрание за целосно европско интегрирање на земјите од Западниот Балкан.

Како што денеска најавија од собраниската прес-служба, претседателот на Собранието Џафери ќе се обрати на дадената тема пред учесниците од регионот.

Инаку, присуство на состанокот потврдиле и претседателите на Собранието на Република Косово, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, а на состанокот, соопштија од Собранието на РСМ, ќе се обрати и Еврокомесарот за соседски политики и проширување, Оливер Вархеји. цр/са/

Фото:МИА архива

Остани поврзан