• вторник, 05 ноември 2024

Јончевски го објави поширокиот список на кошаркари за февруарскиот претквалификациски прозорец

Јончевски го објави поширокиот список на кошаркари за февруарскиот претквалификациски прозорец

Скопје, 17 февруари 2023 (МИА) - Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски, денес го објави поширокиот список со играчи на чии услуги ќе смета во пресрет на натпреварите од февруарскиот претквалификациски прозорец.

На списокот на Јончевски се најдоа:

1. Бобан Стајиќ - Пелистер

2. Кристијан Николов - Torku Konyaspor B.K.

3. Андреј Магдевски - Donar Groningen

4. Војдан Стојановски - МЗТ Скопје Аеродром

5. Дамјан Робев - МЗТ Скопје Аеродром

6. Адем Мекиќ - BC Timisoara

7. Андреј Јакимовски - NCAA Washington State University

8. Филип Бакоч - Работнички

9. Виктор Ефремовски - Гостивар

10. Ненад Димитријевиќ - UNICS Kazan

11. Андреј Шошкиќ - Работнички

12. Андреј Митревски - Феникс 2010

13. Виктор Ташовски - ТФТ Mozzart Скопје

14. Бојан Крстевски - МЗТ Скопје Аеродром

15. ТиЏеј Шортс - Telekom Baskets Bonn

16. Теодор Симиќ - Igokea

17. Амар Хот - Феникс 2010

18. Стојан Ѓуроски - Club Ourense Baloncesto SAD

19. Ваљмир Какруки - Sigal Prishtina

20. Димитар Пандев - МЗТ Скопје Аеродром

21. Лејсон Зеќири - Sigal Prishtina

22. Андреј Маслинко - Пелистер

23. Максим Митевски - Гостивар

24. Страхил Николов - ТФТ Mozzart Скопје

Сениорите ќе одржат неколку тренинзи во Скопје, а веќе во вторник ќе заминат за Словачка, каде во Левице ќе го одиграат првиот натпревар од овој прозорец на 23 февруари. Ден подоцна репрезентацијата ќе отпатува за Осло каде на 26 февруари против Норвешка ќе го одигра последниот натпревар во овој трет претквалификациски прозорец. зс/

Остани поврзан