• недела, 24 ноември 2024

Нејмар се повреди на вториот меч по враќањето на теренот

Нејмар се повреди на вториот меч по враќањето на теренот

Ријад, 5 ноември 2024 (МИА) – Фудбалерот на Ал Хилал, Нејмар се повреди на синоќешниот натпревар со Естегал во азиската Лига на шампиони.

Бразилецот влезе во игра во 58. минута, но беше заменет 29 минути подоцна. Овој меч му беше втор по закрепнувањето од повредата на коленото. Нејмар паузираше од 18 октомври 2023 година.

- Почувствував многу силен грч. Ќе направиме преглед и се надевам дека не е ништо сериозно. Нормално е тоа да се случи една година по таа повреда, лекарите веќе ме предупредија, па треба да бидам внимателен, изјави Нејмар.

Ал Хилал победи со 3:0, трите гола ги постигна Александар Митровиќ. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан