• сабота, 06 декември 2025

Кимих се согласи да го продолжи договорот со Баерн Минхен

Кимих се согласи да го продолжи договорот со Баерн Минхен

Минхен, 7 март 2025 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Баерн Минхен, Џошуа Кимих ќе го продолжи договорот со клубот, според информациите на Фабрицио Романо.

Страните веќе се договориле за продолжување на договорот на 30-годишниот Германец до летото 2029 година.

Кимих за Баерн игра од 2015 година. Оваа сезона забележа 37 настапи во сите натпреварувања, постигна 1 гол и 10 асистенции.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува неговата пазарна вредност на 50 милиони евра. дс

Фото: Архива

Остани поврзан