• петок, 03 мај 2024

Јапонија сериозно загрижена поради заедничките воени активности на Русија и Кина

Јапонија сериозно загрижена поради заедничките воени активности на Русија и Кина

Токио, 11 април 2023 (МИА) - Јапонија изрази сериозна загриженост поради заедничката активност на руските и кинеските вооружени сили во близина на нејзините граници, се наведува во годишниот извештај на јапонското Министерство за надворешни работи.

„Заедничките акции на кинеските и руските вооружени сили во близина на јапонската граница предизвикуваат сериозна загриженост за безбедноста на Јапонија“, се вели во Дипломатската сина книга објавена денеска.

Според јапонското Министерство за надворешни работи, Русија и Кина ја зајакнале воената соработка во последните години со одржување на заеднички вежби и патроли во близина на Јапонија, користејќи бомбардери и воени бродови.

Претходно, Министерството за одбрана на Русија порача дека ваквите вежби и патроли се спроведуваат во согласност со меѓународното право и дека не го нарушуваат туѓиот воздушен простор. ссм/

фото: Јапонско МНР

Остани поврзан