• петок, 22 ноември 2024

Турција ги прекина трговските односи со Израел

Турција ги прекина трговските односи со Израел

Истанбул, 3 мај 2024 (МИА) - Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, бидејќи веќе го ограничија извозот во таа земја во април, соопшти турското Министерство за трговија.

„Извозот и увозот со Израел се прекинати“, се вели во соопштението на Министерството.

Се додава дека Турција ќе ги применува овие нови мерки „додека израелската влада не одобри непречен проток на хуманитарна помош во Појасот Газа“. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан