• среда, 01 мај 2024

Ѓоковиќ собори уште еден рекорд - најстариот „број еден“ во историјата на тенисот

Ѓоковиќ собори уште еден рекорд - најстариот „број еден“ во историјата на тенисот

Лондон, 7 април 2024 (МИА) - Уште еден тениски рекорд отиде во заборав. Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска стана најстариот „број еден“ во историјата на АТП листата, со што го собори рекордот што со години го поседуваше швајцарскиот тенисер Роџер Федерер.

Ѓоковиќ денеска има 36 години и 321 ден, додека Швајцарецот последен пат во кариерата беше светски рекет број еден со 36 години и 320 дена.

Српскиот тенисер во понеделник ќе ја започне 420-та недела на врвот на листата.

Да потсетиме, следен предизвик за Новак Ѓоковиќ ќе биде на Мастерсот во Монте Карло, а од елиминацијата во Индијан Велс, српскиот тенисер не играл, туку само тренирал. Новак Ѓоковиќ е првиот носител на турнирот и ќе биде слободен во првото коло.

Српскиот ас во второто коло ќе игра против Роман Сафјулин, кој е подобар во дуелот и квалификантот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан