• вторник, 05 ноември 2024

Рома го менува Лукаку со уште еден поранешен напаѓач на Челси

Рома го менува Лукаку со уште еден поранешен напаѓач на Челси

Рим, 30 април 2024 (МИА) - Ромелу Лукаку сигурно нема да остане во Рома следната сезона. Причината за ова е што италијанскиот клуб, каде што тој досега настапуваше на позајмица, не сака да ги откупи неговите права, додека Челси нема да ја прифати новата опција за позајмица на напаѓачот и летово ќе бара целосно да го продаде Белгиецот.

„Сините“ се надеваат дека ќе ја добијат целата сума од откупната клаузула од 38 милиони фунти што беше поставена минатото лето. Рома нема да плати, но според информациите има неколку клубови во Англија кои се подготвени да го сторат тоа.

Челси во буџетот ќе ја вметне добиената сума за потписот на голгетерот на Наполи, Виктор Осимен. Рома ќе бара нова опција за централен напаѓач. Според „Газета дело Спорт“, еден од фаворитите за ова е уште еден поранешен напаѓач на Челси – Миши Батшуаји. Белгиецот играше во Фенербахче во последните две сезони, а и Челси ќе добие процент од секоја наредна продажба на Батшуаји.

Надежите на „Олимпико“ се поврзани со уште еден поранешен играч на Челси - Тами Абрахам, кој штотуку се врати од тешката повреда. дс

Фото: Архива

Остани поврзан