• недела, 12 мај 2024

Штипските првачиња примени во Детската организација

Штипските првачиња примени во Детската организација

Штип, 6 октомври 2023 (МИА) - Штипските првачиња со свечена заклетва и ветување дека ќе бидат послушни и ќе учат денеска станаа дел од Детската организација. Во рамки на Неделата на детето училиштата меѓу кои и Општинското основно училиште (ООУ) „Гоце Делчев“-Штип се вклучи во низа настани кои се реализираа оваа недела. Наставничката, Благица Трајкова во ООУ „Гоце Делчев“ вели дека првачињата денеска имаа и приредби на кои се даде значење на правата на децата.

-Нашето училиште се вклучи во повеќе активности под мотото „Јас и светот околу мене“. Во овие активности главен акцент беше дадено на детето, пред сè на почитување на правата на детето. Најпрво одделенските раководители ги запознаа своите ученици со правата на детето. Учениците од првите одделенија ја посетија библиотеката, а првачињата со заклетва се вклучија во детската организација, вели Трајкова.

Музички точки, рецитал, игра, музика, многу забава и насмеани детски лица беше сликата денеска во ООУ „Гоце Делчев“-Штип. Децата покажаа што значи училиштето за нив и другарството пред сè. Изминатата недела децата имаа можност да се запознаат со правата на детето, а со помош на наставниците беа дел од активности кои се спроведоа во и надвор од училиштето. вдј/ир

Фото: МИА

Остани поврзан