• сабота, 22 јуни 2024

Претпладне сончево, попладне наместа облачно со краткотраен дожд

Претпладне сончево, попладне наместа облачно со краткотраен дожд

Скопје, 12 мај 2024 (МИА) - Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност со краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Од УХМР информираа дека во Скопје времето ќе биде сончево со умерена, а попладне зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во вторник, кога дневните температури ќе опаднат за неколку степени. цр/

Фото: МИА архива

Остани поврзан