• сабота, 23 ноември 2024

Шпанскиот премиер ќе има серија средби со колеги од ЕУ следната недела заради добивање поддршка за палестинска држава

Шпанскиот премиер ќе има серија средби со колеги од ЕУ следната недела заради добивање поддршка за палестинска држава

Мадрид, 9 април 2024 (МИА) - Шпанскиот премиер Педро Санчез следната недела ќе се сретне со неколку свои колеги од Европската Унија во обид да добие поддршка за признавање на палестинската држава, соопшти денеска шпанската Влада.

Агендата на Санчез вклучува средби со премиерите на Норвешка, Ирска, Португалија, Словенија и Белгија, со фокус на ставот на ЕУ за војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, изјави за новинарите владината портпаролка Пилар Алегриа.

– Сакаме да ја запреме хуманитарната катастрофа во Газа и да помогнеме да започне политички мировен процес што води кон што поскоро реализација на дводржавно решение, истакна рече Алегриа.

Санчез претходно изјави дека очекува Мадрид да одобри државно признавање на Палестинците до јули и оти верува дека наскоро во ЕУ ќе се создаде „критична маса“ која ќе поттикне неколку земји-членки да заземат ист став.

Шпанија, Ирска, Малта и Словенија минатиот месец најавија дека ќе работат заедно за признавање на палестинската држава.

Израел оцени дека иницијативата на четирите земји од ЕУ ќе претставува „награда за тероризмот“ што ќе ги намали шансите за договорено решение на повеќедеценискиот конфликт.

Санчез треба да ја започне својата дипломатска кампања со патување во Осло и Даблин на 12 април, каде што ќе се сретне со норвешкиот колега Јонас Гар Стоере и новиот ирски премиер Сајмон Харис. ссм/

фото: архива

Остани поврзан