• среда, 24 април 2024

Шолц: Дебатата за поддршката на Германија за Украина е апсурдна

Шолц: Дебатата за поддршката на Германија за Украина е апсурдна

Берлин, 19 март 2024 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц остро ја критикуваше дебатата во последните недели за германската поддршка за Украина и особено за набавката на крстосувачки ракети Таурус, јави ДПА.

„Дебатата во Германија не е ништо друго освен апсурдна“, изјави денеска канцеларот на конференцијата „Европа 2024“ во Берлин.

„Тоа е срамно за нас како земја. Дискусијата не се разбира надвор од Германија, рече Шолц.

Тој истакна дека Германија е втор најголем снабдувач на оружје за Украина. „Ова прво мора да се признае“, рече тој.

Шолц постојано зборува против испораката на крстосувачки ракети со долг дострел Таурус во Украина, и покрај молбите на Киев, велејќи дека тоа има потенцијал да го ескалира конфликтот и да ја вовлече Германија во војна.

Канцеларот се соочи со остри критики од конзервативниот опозициски блок ЦДУ/ЦСУ, како и од коалициските партнери - „Унија 90/Зелени“ и Слободната демократска партија (ФДП). Дебатите траат повеќе од три недели. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан