• петок, 10 мај 2024

Шепс: Британски воен брод собори дрон што за цел имал комерцијален брод во Црвеното Море

Шепс: Британски воен брод собори дрон што за цел имал комерцијален брод во Црвеното Море

Лондон, 16 декември 2023 (МИА) - Британскиот воен брод „HMS Diamond“ денеска собори беспилотно летало за кое се сомневаше дека за цел имал комерцијален брод во Црвеното Море, соопшти британскиот министер за одбрана,Грант Шепс, на платформата X.

„Денеска „ХМС Дајмонд“ собори беспилотно летало за кое се сомневаше дека сака да погоди трговски брод во Црвеното Море. Испукана е една ракета од типот морска змија и целта беше успешно уништена“, напиша Шепс.

Британскиот министер за одбрана додаде дека нападите на бродовите во Црвено Море се закана за меѓународната трговија и поморската безбедност и дека Велика Британија е посветена да ги отфрли таквите напади со цел да го заштити слободниот проток на глобалната трговија. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан