• сабота, 18 мај 2024

Полските земјоделци протестираат во Варшава против Зелениот договор

Полските земјоделци протестираат во Варшава против Зелениот договор

Варшава, 10 мај 2024 (МИА) - Стотици полски земјоделци и претставници на синдикатите денеска напладне почнаа протест од централниот плоштад Замкови во Варшава против Зелениот договор, односно европскиот план земјоделството да го направи поеколошки поприфатливо.

Демонстрациите под слоганот „Долу зелениот договор“ ги организираа Синдикатот на „Солидарност“ и неговиот земјоделски огранок, пренесоа полските медиуми.

На демонстрантите им се придружија врвните политичари на актуелната главна опозициска партија Право и правда (ПиС), вклучувајќи го и нејзиниот лидер Јарослав Качински, кој беше на власт кога беше воведен Зелениот договор. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан