• сабота, 18 мај 2024

Во воздушен напад на Рафа ранет припадник на персонал на СЗО а неговата внука е убиена

Во воздушен напад на Рафа ранет припадник на персонал на СЗО а неговата внука е убиена

Женева, 10 мај 2024 (МИА) – Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, соопшти дека еден припадник на персоналот на Светската здравствена организација (СЗО), неговата сопруга и едно дете биле ранети во воздушен напад во кој во средата била уништена нивната куќа во Рафа.

Во нападот е убиена седумгодишната внука на вработениот на СЗО, напиша шефот на СЗО на X.

– Ова е уште еден поразителен пример за тоа колку е небезбедно во Рафа и низ Газа. Повикуваме на заштита на сите хуманитарни работници и цивили. Повикуваме на прекин на огнот, напиша Гебрејесус. јт.

Остани поврзан