• петок, 22 ноември 2024

Вкупно 23 мигранти се водат како исчезнати откако со чамец тргнале од Тунис за Италија

Вкупно 23 мигранти се водат како исчезнати откако со чамец тргнале од Тунис за Италија

Тунис, 18 мај 2024 (МИА) - Околу 23 мигранти се водат како исчезнати откако со чамец тргнале од Тунис кон Италија, соопшти денеска Националната гарда.

Од Националната гарда посочија дека распоредиле спасувачки единици и ја информирале морнарицата да помогне во потрагата по исчезнатите.

Тунис се соочува со миграциска криза и ја замени Либија како главна појдовна точка за луѓето кои бегаат од сиромаштијата и конфликтите во Африка и Блискиот Исток со надеж за подобар живот во Европа. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан