• понеделник, 23 декември 2024

Мисијата на Србија во ОН апелира до коспонзорите да го повлечат текстот на резолуцијата за Сребреница

Мисијата на Србија во ОН апелира до коспонзорите да го повлечат текстот на резолуцијата за Сребреница

Белград, 18 мај 2024 (МИА) - Вршителот на должноста во Постојаната мисија на Србија во Обединетите нации (ОН), Саша Март побара повлекување на текстот на резолуцијата за геноцидот во Сребреница.

Март апелираше до коспонзорите на предлогот на таа резолуција, во интерес на сите, пред се на народот на Босна и Херцеговина, но и на сите членки на ОН, да го повлечат тој текст за „земјите членки на ОН да не бидат доведени во позиција да гласаат за чувствително прашање кое бара консензус“, јавија српските медиуми.

Тој изјави дека во врска со последното писмо испратено од Постојаните мисии на предлагачите - Германија и Руанда до сите земји-членки на 17 мај, во својство на главни спонзори и „ко-фасилитатори“ на резолуцијата за Сребреница, е должен да посвети внимание на некои елементи.

„Спротивно на тврдењата за силна регионална поддршка за резолуцијата, коспонзорите продолжија со практиката на еднонасочна комуникација, без можност за прашања и коментари, со отсуство на отворени консултации кои би подразбирале учество на сите земји-членки на ОН“, се вели во писмото.

Март додаде дека ова само го потврдува фактот што Србија од самиот почеток го истакна: „нетранспарентноста на процесот без поширок регионален консензус и согласност ја разоткрива вистинската намера која се крие зад резолуцијата“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан