• недела, 22 декември 2024

Американската полиција ги растера пропалестинските демонстранти од МИТ и од Универзитетот Пенсилванија

Американската полиција ги растера пропалестинските демонстранти од МИТ и од Универзитетот Пенсилванија

Вашингтон, 10 мај 2024 (МИА) – Американската полиција утрово ги растера студентите кои протестираат против војната во Појасот Газа на уште два престижни американски универзитети.

Најмалку десет лица се приведени во Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) во близина на Бостон. Додека на Универзитетот Пенсилванија во Филаделфија, полицајците со тактичка опрема насилно отстранија неколку десетици студенти кои се држеа за рацете околу статуата на Бенџамин Френклин.

Како што јавија американските медиуми, студентите не пружале отпор при апсењето на ниту еден Универзитет и двете полициски акции поминаа беа релативно мирни, јавија американските медиуми. ми/

фото: ИКС

Остани поврзан