• недела, 19 мај 2024

Чешкиот селектор поднесе оставка по пласманот на ЕУРО2024

Чешкиот селектор поднесе оставка по пласманот на ЕУРО2024

Прага, 21 ноември 2023 (МИА) – Селекторот на фудбалската репрезентација на Чешка, Јарослав Шилхави, поднесе денеска оставка на должноста, ден откако му обезбеди настап на националниот тим на ЕУРО2024.

Чешка синоќа во Оломуц ја совлада Молдавија со 3-0 и како второпласирана репрезентација во групата Е обезбеди место на завршниот турнир идното лето во Германија.

„Иако сега сме среќни, уште пред натпреварот одлучивме дека нема да продолжам со работа. Притисокот беше огромен, понекогаш дури не го ни разбирав. Тоа, исто така, придонесе за одлуката“, образложи Шилхави.

Ден пред решавачкиот натпревар против Молдавија од редовите на чешкиот тим беа исклучени тројца репрезентативци, откако беа фотографирани во ноќен клуб во Оломуц во саботата вечер. ег/паг/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан