• вторник, 11 јуни 2024

Ракометниот клуб Делчево домаќин на Топличанин од Србија

Ракометниот клуб Делчево домаќин на Топличанин од Србија

Делчево, 18 мај 2024 (МИА) - Ракометниот клуб Делчево викендов е домаќин на женскиот ракометен клуб Топличанин од Прокупље, екипа која е шампион на Централна Србија, Косово и Метохија до 17 години. 

- Пред денешниот натпревар со гостите кои пристигнаа вчера се реализираа неколку тренинзи со цел запознавање меѓу ракометарките од двете екипи. Ова за нас претставува можност за нови искуства, дружење, спортување како и  остварување на нови пријателства, истакна тренерот на делчевки, Горан Велков.

Вториот пријателски натпревар е закажан за утре со почеток во 10 часот. 

-Публиката и утре повторно ќе има уште еднаш можност да ги види квалитети на тимот од Прокупље. Оние кои дојдоа денес имаа прилика да се уверат во тоа, додаде Велков.

Со овие пријателски натпревари клубот од Делчево ќе ја заокружи сезоната 2023/24 во која екипите во кадетска и пионерска конкуренција остварија пласман меѓу четирите најдобри во Македонија. вс/

Фото: МИА

Остани поврзан