• петок, 22 ноември 2024

Чешката полиција обвини 14 лица за шверц на луѓе од Турција

Чешката полиција обвини 14 лица за шверц на луѓе од Турција

Прага, 21 мај 2024 (МИА) - Чешката полиција соопшти дека обвинила 14 лица за шверц на најмалку 2.000 луѓе во Европа, главно од Турција од 2021 година. Тие се во притвор и ќе се соочат со 16 години затвор доколку бидат осудени, изјави Јарослав Ибехеј, портпарол на одредот за организиран криминал, на веб-страницата на чешката полиција.

„Полицијата проценува дека групата заработила најмалку два милиони евра од нивните активности“, додаде тој.

Групата ги носела мигрантите во Чешка и други земји од Европската унија. Ибехеј рече дека полицијата запленила околу 40.000 долари во готовина, два автомобили и една куќа. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан