• вторник, 15 јули 2025

Јапонија им нареди на авиокомпаниите да ги проверат авионите Боинг 787 по несреќата на Ер Индија

Јапонија им нареди на авиокомпаниите да ги проверат авионите Боинг 787 по несреќата на Ер Индија

Токио, 13 јуни 2025 (МИА) - Министерството за транспорт на Јапонија денеска соопшти дека издало упатства до авиокомпаниите во земјата кои користат авиони Боинг 787 да ги проверат по фаталната несреќа на авионот 787-8 на Ер Индија. 

Министерството за земјиште, инфраструктура, транспорт и туризам на земјата ги покани компаниите „Ол Нипон Ервејс“, „Џапен Ерлајнс“ и нискобуџетната подружница на JAL, „Зипаир Токио“, да ги проверат моторите и труповите на авионите. 

Во соопштението се наведува дека нивната употреба нема да биде прекината, пренесува јапонска новинска агенција. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан