• вторник, 15 јули 2025

ИДФ: Повеќе од 200 борбени авиони учествуваа во нападите врз Иран

ИДФ: Повеќе од 200 борбени авиони учествуваа во нападите врз Иран

Тeл Aвив, 13 јуни 2025 (МИА) - Повеќе од 200 авиони на израелските воздухопловни сили учествуваа во нападите врз Иран рано изутрината, изјави портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), генерал Ефи Дефрин.

Тој на прес-конференција изјави дека борбените авиони употребиле повеќе од 330 парчиња муниција врз околу 100 цели во нападите, објави „Тајмс оф Израел“.

Дефрин, исто така, потврди дека Израел во нападите убил неколку високи ирански функционери, вклучувајќи го иранскиот воен командант Мохамед Багери, командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, Хосеин Салами и началникот на Централниот штаб на Хатам-ал Анбија, Голам Али Рашид. рп/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан