• понеделник, 13 мај 2024

Четири нови случаи на голема кашлица во земјава, вкупно 22 од почетокот на годината

Четири нови случаи на голема кашлица во земјава, вкупно 22 од почетокот на годината

Скопје, 8 февруари 2024 (МИА) - Четири нови случаи на голема кашлица се евидентирани во земјава, со што бројот се зголеми на вкупно 22 од почетокот на годината. Информацијата за МИА ја потврди портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ.

Комисијата заседаваше вчера и предложи прогласување епидемија на територијата на град Скопје.

Во државава има хоспитализирани деца, но и возрасни со пертусис или народски кажано, голема или магарешка кашлица.

Надлежните сепак велат оти кај нас состојбата е стабилна и за разлика од други држави во регионот немаме смртни случаи. бд/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан