• понеделник, 13 мај 2024

Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард

Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард

Штутгард, 5 мај 2024 (МИА) - Четири деца на возраст од 13 години се тешко повредени кога за време на игра паднале од покрив на спортска сала во германскиот град Штутгарт, соопшти полицијата.

Полицијата навела дека децата паднале од висина од седум метри од покривот на спортската сала во Ремшалден во Штутгарт и дека со спасувачки хеликоптер биле пренесени во болница, пренесе „Шпигел“.

Полицијата истражува зошто и како се искачиле децата на покривот.

Во спасувачката акција биле вклучени три хеликоптери, две полициски патроли, 40 пожарникари на седум возила и 13 возила на Итна помош. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан