• петок, 17 мај 2024

Челзи ќе добие до 16 милиони евра за Азар по освојувањето на трофејот на Реал во Ла Лига

Челзи ќе добие до 16 милиони евра за Азар по освојувањето на трофејот на Реал во Ла Лига
Лондон, 17 јули 2020 (МИА) – Челзи ќе добие бонус по победата на Реал Мадрид во шампионатот на Шпанија, објави „ЕСПН“. Според изворот, лондончани ќе добијат бонус од 11 до 16 милиони евра од Мадрид како дел од трансферот на напаѓачот Еден Азар. Белгиецот игра за Реал Мадрид од летото 2019 година. Оваа сезона, Азар има одиграно 21 натпревар на сите турнири во кои постигна гол и направи 4 асистенции. зс/

Остани поврзан