• недела, 22 декември 2024

Ливерпул се раздели со Матип и Алкантара

Ливерпул се раздели со Матип и Алкантара

Ливерпул, 17 мај 2024 (МИА) - Жоел Матип и Тиаго Алкантара го напуштаат Ливерпул на крајот од актуелната сезона, официјално соопштија од клубот од „Енфилд“.

Договорот на 32-годишниот централен бек истекува ова лето и клубот нема да му понуди нов договор. Матип во декември заработи тешка повреда на коленото, поради што го пропушти остатокот од сезоната. Тоа значи дека неговиот последен натпревар со тимот беше победата од 4:3 над Фулам. За осум сезони во клубот, тој одигра 201 натпревар, постигна 11 гола и освои седум почести, вклучувајќи ги и трофеите во Лигата на шампионите и Премиер лигата.

Дефанзивецот на Ливерпул, Жоел Матип би можел да ја продолжи кариерата во Италија, пренесува денеска весникот Кориере дело Спорт.

-Поминав осум прекрасни години во Ливерпул. Ми беше дозволено да бидам дел од возбудлива приказна со одличен менаџер и неверојатен тим, во извонреден клуб. Освоивме големи трофеи и ги имаме најдобрите навивачи во светот. Исполнет сум со благодарност за прекрасното време, кое можев да го доживеам со овие уникатни луѓе кои го поддржуваат клубот и навивачите кои го сакаат Ливерпул. Јас и мојата сопруга се чувствувавме добредојдени и поддржани од првиот ден и заедно со децата поминавме најдобро со вас. Секогаш ќе чуваме посебни спомени, изјави Матип за веб-страницата.

Тиаго Алкантара, пак, помина четири сезони во Ливерпул. Тој пристигна во септември 2020 година од Баерн Минхен, но бидејќи го мачеа постојаните повреди, особено во последните две кампањи, одигра само 98 натпревари, постигнувајќи шест гола. Шпанецот го освои ФА Купот и Комјунити Шилд со „црвените“. Неговиот договор, исто така, истекува и нема да биде обновен. дс

Фото: Архива

Остани поврзан