• сабота, 20 јули 2024

Чави по ремито со Наполи: Заслуживме повеќе, Барселона прикажа добра игра

Чави по ремито со Наполи: Заслуживме повеќе, Барселона прикажа добра игра

Неапол, 22 февруари 2024 (МИА) - Тренерот на Барселона, Чави Ернандез го коментираше ремито со Наполи (1:1) во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

- Заслуживме подобро. Нашата стратегија функционираше добро и бевме во предност 1:0. Она што ни недостигаше беше способноста да се смириме и да контролираме тежок натпревар со таков резултат. Нашите противници постигнаа гол со првиот удар кон противничкиот гол. Таква е Лигата на шампионите. Моравме да ја задржиме топката и да ја движиме играта од нашата половина од теренот, но генерално мојот тим покажа добра игра, изјави Чави.

Каталонците победија само на една од последните десет натпревари на гостински терен во нокаут фазата во Лигата на шампионите. Тие имаат и четири нерешени и пет порази. На овие десет натпревари постигнаа само четири гола.

Последен пат Барса победи на гостински терен во април 2019 година на мечот со Манчестер јунајтед (1:0).

Реваншот со Наполи ќе се одигра во Барселона на 12 март. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан