• петок, 05 декември 2025

Ливерпул без Фримпонг до крајот на репрезентативната пауза

Ливерпул без Фримпонг до крајот на репрезентативната пауза


Ливерпул, 22 август 2025 (МИА) – Фудбалерот на Ливерпул, Џереми Фримпонг, ќе отсуствува од теренот до крајот на репрезентативната пауза поради повреда на тетивата, објави синоќа тренерот на актуелниот англиски шампион Арне Слот.
Холандскиот десен бек се повреди против Борнмут изминатиот викенд и ќе ги пропушти претстојните натпревари од Премиер лигата против Њукасл и Арсенал.
„Медицинскиот тим беше апсолутно во право за Џереми кога ми кажаа дека мора да го извадиме од игра, бидејќи ќе биде надвор од теренот до крајот на репрезентативната пауза“, рече Слот.
По натпреварите против Њукасл и Арсенал, следува репрезентативна пауза, за време на која холандската репрезентација ќе игра против репрезентациите на Полска и Литванија во квалификациите за Светското првенство.
Ливерпул ќе го игра својот прв натпревар по репрезентативната пауза на 14 септември против Барнли. ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан