Форца закажа два контролни натпревари со Левски пред стартот на ЛШ во футсал
- Македонскиот шампион во футсал, Форца, вечерва и утревечер ќе одигра два контролни натпревари против бугарскиот првак Левски во Софија.
Куманово, 21 август 2025 (МИА) – Македонскиот шампион во футсал, Форца, вечерва и утревечер ќе одигра два контролни натпревари против бугарскиот првак Левски во Софија.
„Овие пријателски дуели ќе послужат како финална подготовка пред главните предизвици во новата сезона во Лигата на шампиони и квалификациите во прелиминарната рунда која ќе се игра од 27 до 30 август во Куманово“, соопшти клубот.
Кумановска Форца идната недела ќе биде домаќин на квалификациската група А во која за противници ќе ги има Енкамп од Андора, Ереван од Ерменија и Мурата од Сан Марино.
Само првопласираната екипа ќе обезбеди пласман во втората квалификациска фаза во Лигата на шампиони во фитсал. ег
ФОТО: Фејсбук