Чави: Повторно почнуваме да сонуваме
- Тренерот на Барселона, Чави, вечерашниот натпревар со Пари Сен-Жермен како убава можност тимот да си го врати елитниот статус во Лигата на шампионите.
![Чави: Повторно почнуваме да сонуваме](https://mia.mk/images/20240410103758_big_730x400_84.webp )
Париз, 10 април 2024 (МИА) – Тренерот на Барселона, Чави, вечерашниот натпревар со Пари Сен-Жермен како убава можност тимот да си го врати елитниот статус во Лигата на шампионите.
Во претходните две изданија на најсилното фудбалско натпреварување, Каталонците беа елиминирани во групната фаза.
- За нас ова е клучен момент. Не сме биле во четвртфиналето четири години и возбудени сме за она што ни претстои. Сега можеме повторно да почнеме да сонуваме. Моментално сме во нашата можеби најдобра форма од почетокот на сезоната и повторно сме меѓу најдобрите тимови во Европа. Пари Сен-Жермен е предводен од одличен тренер во Луис Енрике и е изграден да ја освои Лигата на шампионите. Можеме да бидеме горди што во оваа фаза од елиминациите има толку многу луѓе кои поминаа низ Барса - Луис Енрике (Пари Сен Жермен), Пеп Гвардиола (Манчестер Јунајтед) и Микел Артета (Арсенал), го цитира Чави „Ројтерс“.
Натпреварот ПСЖ – Барселона ќе почне во 21 часот на „Паркот на принцовите“ во Париз. зс/
Фото: ЕПА