• сабота, 21 декември 2024

Хенес се надева дека ќе го види Вирц во дресот на Баерн

Хенес се надева дека ќе го види Вирц во дресот на Баерн

Минхен, 21 јули 2024 (МИА) - Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, изрази надеж дека клубот ќе успее да го ангажира средниот бек Флоријан Вирц од Баер Леверкузен.

Вирц беше една од ѕвездите на репрезентацијата на Германија на Евро 2024 и претходно беше клучен за двојната круна на Баер Леверкузен во Германија и за пласман во финалето на Лига Европа.

-Сите знаат дека би сакал да го видам со тимот на Баерн Минхен, изјави за Вирц 72-годишниот Хенес, кој беше гостин на прославата на 75-годишнината на аматерскиот баварски клуб Зелигенпортен.

Вирц има договор со Баер Леверкузен до летото 2027 година и повеќе пати сподели дека се чувствува среќен во тимот на „аспирините“.

Меѓутоа, неодамна, играчот од средниот ред на Баерн, Џамал ​​Мусиала, кој е соиграч на Вирц во германската репрезентација, исто така навести дека тие неколку пати разговарале за можноста да играат заедно на клупско ниво во иднина. дс

Фото: Архива

Остани поврзан