• петок, 05 декември 2025

Црвениот крст од Охрид в петок ќе го одбележи Светскиот ден на првата помош

Црвениот крст од Охрид в петок ќе го одбележи Светскиот ден на првата помош

Охрид, 10 септември 2025 (МИА) – Со демонстрација на знаење и техники за укажување прва помош при различни повреди поврзани со климатските промени Општинската организација на Црвениот крст од Охрид в петок ќе го одбележи Светскиот ден на првата помош.

Активностите под мотото „Прва помош и климатски промени“ ќе се спроведуват во периодот од 11 до 13 часот на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

-Црвен крст Охрид како едно од своите приоритетни заложби го има ширењето на знаењата и вештините за укажување на прва помош со цел тие да бидат достапни за сите, како хуманитарен акт кој ги овластува  луѓето да спасуваат животи и да помогнат во закрепнување од  нагло настанати заболувања или повреди. Првата помош претставува витална иницијална интервенција која помага во намалување на повредите и зголемување на шансите за преживување во настанатата ситуација во која животот на поединецот или група на луѓе е во опасност, се посочива во најавата за настанот.

Истовремено се укажува дека секоја година на милиони луѓе им е нанесена повреда или им е одземен животот поради несоодветен одговор или недостаток на навремено и правилно укажана прва помош.

-Ситуацијата би можела значително да се промени доколку повеќе луѓе се свесни за значењето и правилно се обучени за укажување на прва помош. Поседувањето на вештини за укажување на прва помош ги зголемува индивидуалните капацитите на секој човек за преземеање на брза акција со цел намалување или стабилизирање на сериозни повреди и ги зголемува шансите за преживување на повредениот. И оваа година со посебно внимание се фокусираме на одбележувањето на Светски ден за прва помош, ден за промовирање на знаењата и вештините за првата помош, со акцент на климатските промени, велат од охридскиот Црвен крст.

Знаењата како да се реагира во итни случаи, додаваат, се дополнително важни во итни ситуации кога секоја секунда е важна.

-Да бидеме подготвени: да се обучиме, да помагаме и да спасуваме животи. Климатските промени го менуваат нашиот секојдневен живот и ја зголемуваат опасноста од несреќи, болести и итни случаи. Но, можеме да делуваме! Подготвеноста денес значи спасени животи утре, потенцираат од Црвен крст Охрид. аб/

Фото: плакат

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан