• петок, 07 јуни 2024

Хуманитарна изложба на ликовни дела на градскиот плоштад во Кавадарци

Хуманитарна изложба на ликовни дела на градскиот плоштад во Кавадарци

Кавадарци, 22 декември 2023 (МИА) - Хуманитарна изложба на ликовни дела се одржува денеска на градскиот плоштад во Кавадарци. Настанот е организиран од страна на кавадаречкиот Вински музеј и здружението ,,Роднокрајци", под покровителство на градоначалникот и на Советот на општина Кавадарци. 

- Вински музеј континуирано ја негува историјата, традицијата, културата. Организираме бројни настани за сите генерации. Откриваме нови таленти, ги негуваме веќе постоечките. Околу 90 ученици во рамките на овој проект, под менторство на уметници професори и преставници од здружението на ликовни уметници ,,Роднокрајци", изработија ликовни дела на вчерашната предновогодишна детска работилница. Тие се поставени денеска на градскиот плоштад, а љубителите на уметнички дела можат да си купат и со тоа да ја покажат својата хуманост. Собраните пари, ќе бидат донирани за помош при лекување на млад кавадарчанец, појасни Весела Честоева, директорка на Музејот. 

На предновогодишната програма во Кавадарци има повеќе настани од забавен карактер, меѓу нив и утрешниот натпревар за најбрзо китење елка. свд/дма/

 

Фото : МИА

Остани поврзан