• недела, 22 септември 2024

Хамнеи: Израел врши бесрамни злосторства врз децата

Хамнеи: Израел врши бесрамни злосторства врз децата

Техеран, 21 септември 2024 (МИА) - Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, денеска изјави дека Израел врши бесрамни злосторства против децата, а не врз борците.

Тој повика на внатрешна сила кај муслиманите за да се искорени, како што наведе, „малигниот канцероген тумор од Палестина“.

Изјавата на Хамнеи дојде еден ден по израелскиот воздушен напад врз либанската престолнина Бејрут, во кој, според либанското Министерство за здравство, загинаа 31 лице, меѓу кои три деца и седум жени.

Иран остро го осуди целното убиство на воен командант на либанската милиција Хезболах. Сепак, иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи рече дека Иран, сојузник на Хезболах, не планира директен чин на одмазда. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан