• среда, 01 јануари 2025

Пад на акциите на „Боинг“ по уривањето на авионот во Јужна Кореја

Пад на акциите на „Боинг“ по уривањето на авионот во Јужна Кореја

Вашингтон, 30 декемеври 2024 (МИА) - Акциите на американскиот производител на патнички авион „Боинг“ се намалија за речиси четири отсто пред да се отворат берзите утринава откако авион 737-800, управуван од јужнокорејска авиокомпанија, се урна вчера при што загинаа 179 луѓе.

Познавачите очекуваат понатамошен пад на акциите на „Боинг“ а по сличните падови на друг модел, 737 Max во 2018 и 2019 година, и инцидентот со „Аљаска Ерлајнс“ во јануари годинава со откорнувањето на врата на овој модел за време на лет, соопшти денеска „Волстрит журнал“.

-По штрајковите и казната од ФАА за прикривање на сигурносни пропусти во авионот, трагедијата во Јужна Кореја е несреќен крај на една турбулетна година за Боинг, јавуваат некои американски изданија.

Во Јужна Кореја, се води истрага за да се утврдат причините за уривањето на 15-годишниот авион на авиопревозникот „Чеџу Ер“, што при обид да слета излета од пистата, удри во бетонска преграда и се запали.

Властите во земјат врши инспекции на сите авиони 737-800, во комерцијалната авијација познати како еден од основните безбедни модели. Министерството за транспорт соопшти дека во Јужна Кореја оперираат 101 авион од овој модел на „Боинг“ и дека планира инспекции за да се осигура дека се почитуваат сите прописи за сервисирање на авионите.

Непосредно пред слетувањето, контролниот центар предупредил за можен судир со птица, а пилотите на „Чеџу Ер“ испратиле сигнал за помош. Од снимките се гледа дека тркалата за слетување не се спуштени и додека авионот се лизга по пистата.

Ова е една од најсмртоносните авиокатастрофи во изминативе години. кб/

Остани поврзан