• вторник, 01 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Хамас: Подготвени сме, како и секогаш, за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа

Хамас: Подготвени сме, како и секогаш, за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа

Газа, 28 март 2025 (МИА) – Хамас е подготвен за конкретни преговори со цел да се стави крај на војната во Појасот Газа, а палестинската страна сериозно пристапи кон сите предлози кои би довеле до крај на конфликтот, изјави вчера Махмуд Мардави, официјален претставник на групата.

- Израел се откажа од договорот, ги прекрши ветувањата кон посредниците и ја продолжи кампањата на убиства и ескалација, рече тој.

Мардави истакна дека акциите на Израел претставуваат тест за глобалната заедница, пренесува Анадолија.

- Или меѓународната заедница го поддржува меѓународното право и правдата, или продолжува со двојните стандарди, кои ја загрозуваат не само Палестина, туку и целиот регион, рече претставникот.

Во исто време, египетските државни медиуми јавија дека безбедносна делегација отпатувала во Катар за да ги продолжи преговорите за ослободување на затворениците и заложниците. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан