• четврток, 22 февруари 2024

Хамас: Американското вето на резолуцијата за прекин на огнот во Газа е „неетичко и нехумано“

Хамас: Американското вето на резолуцијата за прекин на огнот во Газа е „неетичко и нехумано“

Каиро, 9 декември 2023 (МИА) - Хамас остро го осудува американското вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен хуманитарен прекин на огнот во Газа, изјави висок претставник на палестинската исламистичка група, пренесе БТА.

Претставникот на Хамас го опиша чекорот на Вашингтон како „неетички и нехуман“.

-Попречувањето на САД на усвојувањето на резолуцијата за прекин на огнот претставува директно соучесништво со окупаторот во убивањето на Палестинците и извршувањето на помасовни убиства и етничко чистење, рече Езат ал-Решик, портпарол на политичкото биро на Хамас. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан