• петок, 22 ноември 2024

Хаити: Аеродромот во Порт-о-Пренс повторно отворен по повеќемесечно насилство од бандите

Хаити: Аеродромот во Порт-о-Пренс повторно отворен по повеќемесечно насилство од бандите

Порт-о-Пренс, 21 мај 2024 (МИА) - Главниот меѓународен аеродром на Хаити во Порт-о-Пренс денеска е  повторно отворен откако пред три месеци насилството на бандите ги принуди властите да го затворат.

Повторното отворање на аеродромот „Тоасан-Лувертур“ во главниот град Порт-о-Пренс се очекува да помогне да се олесни критичниот недостиг на лекови и други основни материјали.

Главното пристаниште во земјата останува блокирано, додека бандите контролираат 80 отсто од главниот град. паг/

Фото: МИА архива



 
 

 
 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан