• среда, 22 јануари 2025

Саудиска Арабија смета дека администрацијата на Трамп нема да доведе до зголемување на ризикот од војна меѓу Израел и Иран

Саудиска Арабија смета дека администрацијата на Трамп нема да доведе до зголемување на ризикот од војна меѓу Израел и Иран

Давос, 21 јануари 2025 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија денеска рече дека не верува оти новата администрација на Трамп ќе го зголеми ризикот од конфликт меѓу Израел и Иран, повторувајќи ја загриженоста што опстојува во регионот по војната во Газа.

Принцот Фајсал бин Фархан Ал Сауд, исто така, изрази надеж на Светскиот економски форум во Давос дека пристапот на претседателот Трамп кон Иран може да биде исполнет со подготвеноста на Техеран позитивно да соработува со американската администрација и да го реши прашањето за неговата нуклеарна програма.

-Се разбира, војната меѓу Иран и Израел, како и секоја војна во нашиот регион, е нешто што мора да се обидеме да го избегнеме колку што е можно повеќе, рече принцот Фајсал за време на годишниот состанок на Светскиот економски форум во швајцарското планинско одморалиште. „Не гледам дека доаѓањето на новата американска администрација придонесува за ризикот од војна; напротив, претседателот Трамп беше сосема јасен дека не се залага за конфликт“, нагласи тој.

Стравувањата од војна меѓу Израел и Иран се зголемија откако иранскиот сојузник, палестинската група Хамас, изврши смртоносен прекуграничен напад врз Израел на 7 октомври 2023 година, што предизвика израелска воена офанзива која ги вовлече сојузниците на Иран, вклучително и либанскиот Хезболах во конфликтот. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан