• сабота, 04 мај 2024

Франција и Германија потпишаа договор за заеднички проект за вооружување

Франција и Германија потпишаа договор за заеднички проект за вооружување

Париз, 26 април 2024 (МИА) – Францускиот министер за одбрана и неговиот германски, Себастијан Лекорну и Борис Писториус на денешната средба во Париз потпишаа договор за заеднички проект за вооружување во вредност од една милијарда евра, кој вклучува развој на главен борбен тенк од следната генерација.

Министрите потпишаа меморандум за развој на Главен копнен борбен систем (МГЦС), кој има за цел да ги замени сегашните борбени тенкови во Франција и во Германија.

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. ми/

фото: ДПА

Остани поврзан