• петок, 17 мај 2024

Фон дер Лајен доаѓа во Париз на 6 мај на средба со кинескиот и францускиот претседател

Фон дер Лајен доаѓа во Париз на 6 мај на средба со кинескиот и францускиот претседател

Брисел, 29 април 2024 (МИА) – Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе пристигне во Париз на 6 мај на покана на францускиот претседател Емануел Макрон за да одржи трилатерална средба со кинескиот претседател Си Џинпинг, кој доаѓа во посета на Франција, соопшти портпаролот на шефот на Европската комисија на Х.

Кинескиот претседател ќе престојува во државна посета на Франција на 6 и 7 мај на покана на францускиот претседател Макрон, во рамки на неговата турнеја низ Европа, во чии рамки ќе ги посети и Србија и Унгарија.

За време на посетата на Франција, Си со Макрон ќе разговара за меѓународните кризи, вклучително и војната во Украина и конфликтот на Блискиот Исток, соопшти претходно Елисејската палата. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан